Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе со седум победи и три втори места на 10 трки ја освои третата европска титула во ридско-планински трки.
Иџе вчера беше на прием во Агенцијата за млади и спорт (АМС), каде што одржа прес-конференција.
„Со освојување на третиот трофеј испишав историја на ридско-планинските европски натпреварувања како единствен освојувач на три титули, а за да биде задоволството поголемо, урнавме рекорди на осум патеки“, вели Иџе.
Стефановски претходните две титули ги освои во 2014 и 2015 година.