Иднината на Икарди во Интер? Сè е јасно по изјавата на – Марота!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Директорот на Интер, Бепе Марота се надева дека Мауро Икарди до крајот на летниот преоден рок ќе замине од Милано.

Во понеделник завршува преодниот рок и дотогаш Интер има време да се ослободи од Аргентинецот, кој сезонава не е во плановите на Антонио Конте, но во клубот го сметаат како голем проблем, поради платата од 10 милиони евра годишно.

„Не знам колку влијае тренерот, но знам дека имаме феноменален тренер. Бевме среќни да се откажеме од неколку фудбалери и што тие пари ги вложивме во Конте“, вели Марота.

Икарди на Интер му претставува проблеми, но уште се чека да замине од клубот.

„Останаа само неколку дена, се надевам дека ќе го решиме тоа на позитивен начин. Не може да откриваме многу детали јавно, но секогаш работиме одговорно“, порача директорот на Интер.