Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Спортскиот директор и раководството на Барселона ќе му ја препуштат последната одлука на новиот тренер Ханси Флик околу иднината на неколку важни фудбалери во тимот, пренесуваат шпанските медиуми.
Според информациите на „Мундо Депортиво“, германскиот стратег ќе има клучен збор кога станува збор за статусот на Жоао Кансело, Маркус Рашфорд и Роберт Левандовски.
Најголемо внимание привлекува ситуацијата околу Левандовски, кој и покрај искуството и головите, се поврзува со можни промени во нападот на каталонскиот гигант.
Од друга страна, иднината на Кансело и понатаму е неизвесна, особено по неговиот престој како позајмен фудбалер, додека Рашфорд се споменува како потенцијална трансфер-опција за засилување на офанзивата.
















