Игало го одигра последниот натпревар за Манчестер Јунајтед?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед се наоѓа во ќорсокак во намерата да го продолжи договорот на нигерискиот напаѓач Одион Игало.

30 годишниот фудбалер потпиша договор за позајмица со Манчестер Јунајтед до 31 мај, но кризата предизвикана од коронавирусот не му дозволи да одигра многу натпревари во дресот на „ѓаволите“.

Бидејќи сезоната ќе продолжи и во јуни и јули, Манчестер Јунајтед побарал од Шангај да им го остават Игало минимум уште тие месеци, но од кинескиот клуб ја одбиле ваквата можност.

Шангај бара нигерискиот интернационалец да се врати во клубот пред стартот на кинеската Супер лига, или пак Манчестер Јунајтед во целост да го откупи неговиот договор.