Игало откри дали има понуда за перманентен трансфер во Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот кој започна одлично во дресот на Манчестер Јунајтед, Одион Игало откри дали „ѓаволите“ му испратиле понуда за перманентно останување на „Олд Трафорд“.

Се шпекулира дека  Манчестер Јунајтед сака да го ангажира на перманентна основа, но според Игало тие се уште немаат пратено понуда за перманентен трансфер.

„Се уште нема понуда на масата. Затоа што се уште сезоната е во тек и се уште не ми е завршен договорот за позајмица. Не носам одлуки сам во мојот живот, така ќе биде и за оваа“ –изјави Игало.