Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шампионот на Босна и Херцеговина, екипата на Игокеа го раскина договорот со Ѓорѓе Гагиќ.
Откако Драган Апиќ го напушти клубот по само десетина дена, кој потпиша за Будуќност на Подгорица, сега и Ѓорѓе Гагиќ, го напушта клубот.
29-годишниот центар не ја воодушеви управата на клубот од Лакташи. Недоволната физичка подготовка на кошаркарот е наведена како причина за прекинување на соработката, а по разговорот со него, соработката беше прекината.
Наместо Гагиќ, веднаш беше ангажиран Никола Јовановиќ, со кого беше потпишан договор до крајот на сезоната.