Играч на Реал со жестоки навреди кон Тадиќ: Кучкин сине, копиле, ме исфрли од Лигата на шампионите


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Душан Тадиќ беше еден од предводниците на Ајакс во епската победа против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабе“.

Во таборот на Реал Мадрид тогаш целиот натпревар го одигра Серхио Регулион кој и тоа како добро го запомни одличниот офанзивец.

Сега, играчот на Севилја, Регулион играјќи ФИФА го доби токму Тадиќ, но не сакаше да го смести во тимот.

„Кучкин сине, ме исфрли од Лигата на шампионите минатата година. Тадиќ, копиле, ме исфрли од Лигата на шампионите. Сега намерно нема да те ставам да играш“ –викаше Регулион.

Реакциите на овој испад беа поделени, некои со насмевки ги прифатија коментарите, додека други го осудија овој чин.