Играч постави неверојатни услови кои Манчестер Сити НЕ МОЖЕШЕ да ги плати!

Пјер Обамејанг можеше да премине во англиската Премиер лига до крајот на овој преоден рок.

Потенцијлната ѕвезда во преодниот рок секако е Пјер Емерик Обамејанг.

Фудбалерот на Борусија од Дортмунд беше еден од најдобрите играчи во Бундеслигата во сезоната позади нас, заинтересирани се голем дел од богатите клубови, а меѓу нив најмногу е Манчестер Сити.

Пробаа Граѓаните по секоја цена да го имаат во своите редови, но тој на крајот постави неверојатни услови.

Бараше 12 милиони евра годишно што е просто неверојатна сума, плус 10 милини на неговиот агент.

Клубовите пред тоа се договорија околу цената, но според мислењата на челниците на Манчестер Сити Обамејанг бара премногу и со него завршија во овој преоден рок.

Сега Обамејанг се сврте во преговори со други клубови, како и со Дортмунд околу потпишување на нов договор.

Англиските медиуми во денешните изданија пишуваат дека за Обамајанг заинтересирани се Арсенал и Манчестер Сити и дека двете екипи ќе се борат за неговиот потпис.