Играчите на Барса се спротиставиле: Не го сакаме Гризман во тимот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман се почесто се поврзува со заминување од овој тим.

Наводно францускиот напаѓач е спремен за преминување во Барселона, раководството на клубот веќе е во преговоро и работата може да биде завршена за 120 милиони евра.

Меѓутоа, играчите на Барса не го сакаат Гризман во својот тим. Cadena Ser тврди дека играчите на каталонскиот великан се против доведување на францускиот фудбалер и не го сакаат во својот тим.

Поприлично интересна одлука на фудбалерите на шпанскиот првак која веројатно не е очекувана од страна на Гризман, па ова би можело да биде удар врз него.

Да потсетиме Французинот и минатата година беше близу до преминување во Барса, на крајот се одлучи да го продолжи договорот со Атлетико и така ја „изигра“ Барса.

Гризман веќе пет години е член на Јорганџиите, а оваа сезона има постигнато 19 голови на 42 натпревари и девет асистенции.