Играчите на Барселона направиле хаос во соблекувалната на Славија и оставиле голем неред


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона синоќа со многу труд ги совладаа момците од Славија на натпреварот во Прага со резултат од 2:1 во рамките на 3. коло на групната фаза во Лигата на Шампионите.

Славија одигра одличен наптревар и вистинско изненадување е тоа што не успеаа да освојат барем еден бод. Но, Барселона ја следеше среќа на овој натпревар и тие Прага ја напуштија со освоени три бодови.

Меѓутоа, како што не беа добри на теренот така не беа добри ниту во соблекувалната. Славија објави дека играчите на Барселона оставија голем неред во нивната соблекувална што за нив беше големо изненадување.

Она што очекуваа дека ќе го најдат во соблекувалната беше да биде колку-толку средено, но се шокираа кога видеа во каков хаос е соблекувалната. Фотографијата во овој случај зборува повеќе од илјада зборови.