Играчите на Валенсија одбија да се појават на прес-конференцијата пред натпреварот со Челзи


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ситуацијата во клубот од ден во ден е се полоша, а тоа е поради сопственикот.

Валенсија вечерва ќе игра натпревар во Лигата на Шампионите против Челзи на Стемфорд Бриџ.

Шпанците се веќе пристигнати во Англија, но на прес-конференцијата пред натпреварот со Плавите новинарите ги дочекаа во несекојдневен призор.

Имено, новиот тренер на клубот од Местаља, Алберт Селадес се појави сам, а играчите одбија да дојдат бидејќи се незадоволни со одлуката на управата на клубот за минатиот тренер кој ги предводеше минатата година до освојување на Кралскиот Куп, Марселино, кој минатата недела беше избркан.

Марселино покрај освојување на трофеите во купот, го осигура и местото за настап во Лигата на Шампионите, но не дочека да го води тимот во најелитниото клубско натпреварување поради тоа што дојде до недоразбирање со сопственикот на клубот Петер Лимо.

Вчера, исто така се појави информација и околу генералниот менаџер Матју Алеман кој сака да го напушти клубот бидејќи исто така не се сложува со политиката на сопственикот на Валенсија.

Новиот тренер Селадес сам се појави на прес конференцијата пред натпреварот со Челзи и го кажа своето мислење за постапката на играчите.

„Очигледно е дека ситуацијата не е идеална, но сепак тоа е одлука на играчите. Немам многу што да кажам во врска со тоа. Ништо не можам да направам во врска со тоа.“

„Секојдневно разговарам со играчите. Тие ја донесоа таа одлука, но секогаш постои дијалог. Реакцијата која ја добив беше многу добра и сигурен сум дека во иднина ќе се подобри.“

„Духот и енергјата се на високо ниво. Вторник е почеток на најспектакуларното клупско натпреварување во Европа и тоа е голема мотивација играчите да дадат се од себеси.“

„Сакаат да играат, да ја осетат атмосферата и да бидат во почетните единаесет тимови. Никој не сака да го пропушти натпреварот и тоа е за мене најважно.“, рече Селадес.