Играчка „чистка“ во Милано: Интер ке заработи 160 милиони, а еве кој се ќе „летне“ од „Меаца“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Управата на Интер има амбициозни планови кога е во прашање следниот преоден рок.

Летото не очекува вистинска реконструкција на играчкиот, а многу е можно и на тренерскиот кадар.

Сепак, без оглед на тоа кој ќе биде на клупата на „Нероаѕурите“ следната сезона, сосема е извесно заминувањето на тројца фудбалери.

Првиот кој ќе го напушти Милано е Жоао Миранда за кој е заинтересиран Монако, додека и Јан Карамо ќе биде искористен во евентуалната трампа или продаден откако
е се врати од позајмица од Бордо. Комбинирано би можеле да донесат 20 милиони евра во матичниот клуб.

Најголемиот приход би требало да пристигне на име на обештетата на Иван Перишиќ, Интер го процени на 40 милиони евра па се верува дека Хрватот нема да замине за помала цена.

И натаму е неизвесно што ќе биде со Мауро Икарди од чија продажба би требало најмногу клубот да инкасира во својата каса, односно некаде околу 100 милиони евра.

Потребни се пари за Интер да добие нов изглед, а Антонио Конте има одрешени раце.

Се разбира, доколку пристигне на „Меаца“.