Играчот на Ајакс кој е трансфер целна големи гиганти сака да остане во Амстердам


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Дони ван де Бек истакна дека е среќен во Ајакс и најави дека нема да форсира заминување од Амстердам.

Играчот од средниот ред на Ајакс со своите одлични игри го привлече вниманието на бројни тимови од Европа. Меѓу кандидатите заинтересирани за неговиот потпис се Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Реал Мадрид, а ван де Бек конечно се огласи за ваквите шпекулации.

„Мојата ситуација е таа дека имам договор со Ајакс и сум многу среќен овде. Никогаш не знаете што ќе се случи во иднина и затоа не можам да кажам ништо околу тоа каде ќе играм следната сезона“ – истакна ван де Бек.