Играчот на Клуб Бриж одлучи да ги „удри“ навивачите на Реал таму кај што најмногу ги боли


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На денешниот натпревар на Реал Мадрид против Клуб Бриж се очекуваше победа на кралскиот клуб, но на крајот натпреварот заврши нерешено, а како што работите изгледаа на теренот, Реал може на крајот да биде среќен и со бод.

Шок за домашните навивачи веќе следеше во 9. минута кога Денис погоди за 1-0 и иако се чинеше дека е во офсајд, главниот судија на асистенција на ВАР го призна голот.

Во 39. минута истиот играч после голема грешка на Лука Модриќ успеа да ја зголеми предноста на 2-0.

Денис можете да им зададе конечен удар на Реал во 54. минута, но неговиот шут го запре голманот Ареола.

Сепак, играчот на Бриж се погрижи покрај неговите два гола да се зборува и за неговата прослава која ја имаше при постигнување на вториот погодок, а која беше во стилот на Кристијано Роналдо.

Јасно е колку Роналдо недостига во Реал Мадрид, со оглед на тоа колку трофеи му донесе на клубот, а откако тој замина, веќе ништо не е исто.