Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Газета дело Спорт пишува дека Наполи веќе испратиле понуда до Арсенал вредна 30 милиони евра за Лукас Тореира, кој, во случај Топџиите да ја прифатат понудата, во јануари би се вратил во Италија.
Наполи за некогашниот играч за врска на Сампдорија ја нуди скоро истата сума која Арсенал ја потроши за негово доведување во своите редови во 2018 година.
Разликата е во тоа што Наполи сака прво да плати три милиони евра за заем на Лукас Тореира, а потоа да го откупи неговиот договор во 2021 година за дополнителни 27 милиони евра.
Тореира за две години колку што настапуваше во Сампдорија (претходно настапуваше во Пескара) одигра 71 натпревар и со одлични настапи привлече внимание на Топџиите. Сепак, Уругваецот од трансферот во Лондон прилично се мачи да се прилагоди на островскиот фудбал.
Тоа е една од причините кои му одат во прилог на Наполи дека трансферот може да се реализира веќе во јануари.
Тореира оваа сезона запиша 21 настап за Арсенал и успеа да постигне и два гола.