Играше во НБА, заработи повеќе од 100 милиони евра, сега му претстои – банкрот


Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ ↓↓↓


Тревор Ариза, кој беше дел од тимот на Лос Анџелес Лејкерс и ветерани во НБА со 18 сезони зад него, сега се наоѓа во сериозна финансиска криза, иако заработи над 100 милиони евра во текот на својата кариера. Тој е на чекор од прогласување личен банкрот.

Според „Спортс Илустрејтед“, познат спортски медиум, Ариза поднел барање до судот да ја намали алиментацијата која ја плаќа за своите деца од 2023 година. Тој наведува дека неговата финансиска состојба се влошила и дека нема стабилен приход.

„Се обидов да најдам работа и да обезбедам редовен приход, но до сега не успеав да најдам ништо постојано“, изјави Ариза во интервју, укажувајќи на тешкотиите при преминување од професионална спортска кариера во секојдневието.

Во текот на богатата кошаркарска кариера, Ариза играше за повеќе НБА тимови како што се Њујорк Никс, Орландо Меџик, Хјустон Рокетс, Њу Орлеанс Хорнетс, Вашингтон Визардс, Сакраменто Кингс. Но, најпозната етапа во неговата кариера беше со Лејкерс, каде што стана шампион.

Фото: Принтскрин