Играше за 38 долари и помина тешки пречки, а сега е на пат кон – НБА!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Филмска приказна се случува со кошаркарот на шпански Сан Пабло бругос, Хасиел Ривера. Овој 26-годишен кубански кошаркар има добра сезона и привлече интерес од НБА-клубови, а Далас маверикс ќе се обиде да го ангажира.

Кошаркарот од Куба во последните неколку години го живее вистинскиот кошаркарски сон. Пред шест години играше во домашното првенство за само 38 долари месечно, а не го запреа ниту две тешки повреди.

Преку Уругвај и Аргентина стигна до Бургос. Неговите одлични настапи му обезбедија место во составот, па од следната сезона би можел да настапува во најсилната лига во светот.

„Игра неверојатно. Во нападот може да направи што ќе посакате, добар е со двете раце и шутира од било која позиција“, кажа неговиот поранешен тренер, Лукас Викторијано.