Играше за Барселона, блесна во Вулверхемптон, а сега ќе потпише за Реал Мадрид?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид доби интересна понуда од Премиерлигата, односно од Вулверхемптон кој на „кралевите“ им го понуди одличниот Адама Траоре.

„Ел Насионал“ објави дека Траоре бил понуден до „кралевите“ затоа што на премиерлигашот му требаат пари, а очигледно Реал може да го купи.

Траоре играше во „Ла Масија“, па настапи за првиот тим на Барселона, по што се пресели во Астон вила, а потоа следеше авантура во Миделзбро и сега е дел од Вулверхемптон.

Фудбалерот има намера да се врати во Шпанија, па освен на Реал Мадрид, Траоре ќе биде понуден и на каталонскиот гигант, иако Чави Ернандез нема потреба од таков фудбалер во неговата екипа.

Реал има голем број опции во напаѓачкиот дел од екипата, односно може да смета на Родриго Гоес, Винисиус Жуниор, Еден Азар, Герет Бејл, Лукас Васкез и Марко Асенсио, па се поставува прашањето дали Траоре ќе им биде воопшто потребен.