Играше за Динамо Загреб, па се договараше со Барселона, но на крај ќе заврши во Реал Мадрид?


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона нема да го ангажира Дани Олмо бидејќи тренерот Чави побарал едно засилување, односно меѓу поранешниот фудбалер на Динамо Загреб и Феран Торес.

Раководството на каталонскиот гигант се реши за Торес, кој ќе биде платен 55 милиони евра плус 10 преку бонуси.

Барселона е во лоша финансиска состојба, па нема пари и за Олмо, а затоа шпанскиот репрезентативец ќе си ја бара среќата на друго место.

Медиумите шпекулираат дека Олмо ќе заврши кај најголемиот противник на Барселона, а тоа е Реал Мадрид, кој сака да го купи уште во јануари.

Лајпциг не планира да го задржи Олмо, но ќе го продава само во случај доколку некој од тимовите плати 75 милиони евра колку што изнесува неговата откупна клаузула.