Играше за Лацио над 100 натпревари, а сега доаѓа во Црвена звезда?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според српските медиуми, Црвена Ѕвезда е многу блиску до трансфер на нигерискиот играч Огени Онази.

Тој е добро познато име во светот на фудбалот, со оглед дека некогаш играл над 100 натпревари за Лацио. Тој играше за римскиот тим во периодот од 2012. до 2016. година.

Подоцна се пресели во Трабзонспор и во моментов е член на Денизлиспор, кој се натпреварува во Суперлигата, но е во грчевита борба за опстанок.

Тој би требало да биде трето засилување за црвено-белите летово откако Срѓан Спиридоновиќ веќе потпиша и Александар Катаи, кој е веќе на Маракана со една нога.

Патем, Онази исто така има исклучително големо меѓународно искуство, со оглед дека запиша дури 51 натпревар за Нигерија. Тој играше и на Светското првенство во 2014. година.

Конечно, да додадеме дека станува збор за играч кој може да покрие неколку позиции во средниот ред, а пред сè тој е последен играч за врска.