„Игуаин е ѕвер, скап е, но вреди за секое евро“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гонзало Игуаин вчера и официјално стана нов фудбалер на торински Јувентус.

Неговата одлука за од Наполи да премине во Јувентус предизвика различни коментари, а свој суд даде и Антонио Касано.

Ветеранот од Сампдорија мисли дека овој трансфер е вистински потег како за Игуаин, така и за Јувентус.

„Ако морам да го опишам Игуаин со еден збор, ќе речам ѕвер. Во времето кога се плаќа огромна оштета за нормални играчи, цената за Игуаин е реална“, рече Касано, и додаде:

„Не можам да сетам кога Јувентус да прифати да плати толкава откупна клаузула за некој играч. Игуаин е скапо платен, но вреди за секое евро“.

Да потсетиме, Јувентус за Игуаин плати 94 милиони евра и го направи најплатен фудбалер во Италија.