Игуаин го „скрши мразот“ во МЛС, и тоа со – страшен гол! ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер Мајами славеше на гостувањето кај Њујорк ред булс со 2-1, а победничкиот гол го постигна Гонзало Игуаин.

Скапото засилување за тимот од Флорида полека почна да се прилагодува на новите соиграчи, а веќе стана лидер на тимот и со капитенската лента го предводи Интер Мајами.

Синоќа во Њујорк стигнаа до првата победа откако Игуаин е во тимот. Тој постигна победнички гол во 81. минута, и тоа на одличен начин.

Игуаин ја намести топката на повеќе од 20 метри од голот и ја испрати директно во аголот на противникот.