Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јуве го одигра првиот меч во склоп на припремите за новата сезона, а Сари им даде шанса на новите играчи. Во второто полувреме играше и Гонѕало Игуаин кој успеа да постигне гол и да одигра многу добар меч.
Игуаин на крајот од минатата сезона се врати во Јувентус откако му истече позајмицата во Челси, а лондонскиот клуб се одлучи да не го откупи неговиот договор и да го задржи на Стемфорд Бриџ.
Иако од почетокот беше јасно дека Јуве сака да го продаде тој и понатаму се надева дека ќе остане, а тоа е и желба на новиот тренер Сари. Аргентинскиот напаѓач вчера постигна гол и покажа дека е во добра форма, но очигледно тоа нема да му помогне.
Газета дело Спорт и денес објави дека во Јуве и понатаму не сметаат на Игуаин и дека одлучиле да го продадат летово. Тоа и му го порачале после вчерашниот меч, со цел да му дадат до знаење дека и добирте игри на припремите нема да му помогнат.
Познато е дека Рома сака да го доведе Игуаин како замена за Един Џеко, но тој не сака да оди во римскиот клуб.