Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако му беше одземана капитенската лента, војната меѓу Мауро Икарди и Интер доби свое продолжение.
Со пристигнувањето на Ромелу Лукаку, за кој Манчестер јунајтед доби 70 милиони евра, амбициите на Икарди во Интер доживеаа нов удар, а клубот прави што е во нивна моќ за да го избрка.
Икарди во две сезони од потенцијална легенда на Интер стана непосакуван член во клубот. Најпрво се скара со навивачите, кои престанаа да ги слават неговите голови, а потоа имаше караница и со дел од фудбалерите.
Потоа, неговата сопруга и менаџерка Ванда Нара го уценуваше Интер за да добе нов и поголем договор.
Интер му ја одзема „деветката“ на Икарди и му ја даде на Лукаку, а тоа треба доволно да значи за Аргентинецот, па останува да видиме каде ќе ја продолжи кариерата.
За потписот на аргентинскиот напаѓач се заинтересирани Рома, Јувентус и Наполи.
❔ | NUMERO DI MAGLIA@RomeluLukaku9 ⚫️???#WelcomeRomelu #NotForEveryone #ForzaInter pic.twitter.com/57nja9IOh3
— Inter (@Inter) August 9, 2019