Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓
Играчот на Интер нема да биде дел од тимот на Аргентина на Копа Америка.
Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди нема да биде дел од аргентинскиот тим за Копа Америка, пренесува аргентинскиот медиум TYC Sports.
Според извештаите, поранешниот капитен на Неразурите со одлуката на селекторот на Аргентина, Лионел Скалони се најде на долгиот список од 40 играчи, но нема да се најде помеѓу 23 играчи кои ќе настапуваат на ова натпреварување.
Причината поради која Мауро Икарди е отпишан, според извештајот е долгата отсутност од теренот која го проследи после драмата која се случуваше околу преговорите за нов договор, а која заврши со одземање на капитенската трака на Икарди.
TYC Sports известува дека Аргентинскиот тим на Скалони кој ќе настапува на Копа Америка ќе биде објавен утре, а името на Мауро Икарди нема да биде во тој список.
Икарди се запиша во само 8 настапи за Аргентина, постигнувајќи само еден гол.
Играчот на Интер никогаш не играше за Аргентина ни на еден сениорски турнир и се надеваше дека ова лето во Бразил ќе дебитира за својот тим на едно големо натпреварување.
El delantero estaba entre los 40 preseleccionados por Scaloni, pero se quedará afuera de los 23 elegidos para el torneo en Brasil. ¿Qué opinás? pic.twitter.com/Z8rNfTfQbm
— TyC Sports (@TyCSports) May 20, 2019