Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега веќе поранешниот капитен на Интер, Мауро Икарди ужива во првите моменти во Париз откако ова лето комплетираше трансфер на позајмица во ПСЖ.
Во интервју за „Канал +“ Аргентинецот зборуваше зошто се одлучил да го напушти Интер, клубот во кој долго време беше капитен.
– Сонував за освојување на Лигата на шампионите со Интер и тој сон ми се оствари. Сепак, ние не ги добивме посакуваните резултати. Всушност, не освоивме ништо. Останав, давав многу голови, но сега дојде време да се приклучам на тим кој може да освојува титули, -изјави Мауро Икарди кој конечно стави крај на турбулентниот период поминат во Интер.