Икарди со стил се одјави од Интер: Аргентинецот со кратка порака за збогум


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Мауро Икарди вчера го комплетираше преминот во редовите на ПСЖ каде се пресели како позајмен фудбалер.

Францускиот клуб ќе може целосно да го откупи неговиот договор по крајот на оваа сезона доколку Икарди задоволи со настапите.

Доскорешниот капитен на клубот кој минатата сезона имаше големи проблеми поради несогласувања преку социјалните мрежи, со кратка порака се прости од Интер.

„Ви благодарам за се. Збогум“- напиша Икарди на фотографија на која се гледаат бројките од неговата статистика во клубот, 219 натпревари, 124 погодоци и 39 асистенции.