„Им се извинуваме на навивачите, ни Михајловиќ не беше среќен“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Болоња запоша тежок пораз од Удинезе со резултат од 4:0, и така се прости од Италијанскиот Куп.

Помошниот тренер на Болоња – Емилио Де Лео по натпреварот беше разочаран од партијата на целиот тим, па изјави дека Болоња на одреден начин го разочара и тренерот Синиша Михајловиќ, кој се бори со тешка болест.

Де Лео и Мирослав Тањга повторно го предводеа тимот, еуфоријата ги „тресна“ сите во Болоња по победата над Наполи, но против Удинезе се тргна по лош пат.

„Никогаш не бараме оправдување, жал ни е поради навивачите. Им се извинуваме. Патувавме толку многу километри и очекувавме поразлична ноќ“, изјави Де Лео, па продолжи:

„Сакавме да продолжиме во добриот ритам по изданието против Наполи. Верувам дека таквиот континуитет добро би ни дошол…“

„Се слушнавме со Синиша за време на натпреварот. Тој секогаш е борбен… Очекуваше други резултати и сигурно не е среќен“, изјави Де Лео.