Има 60 години и вишок кг: Газдата заигра во елитно натпреварување и тоа како капитен!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Неверојатни сцени ни доаѓаат од Јужна Америка со потпретседателот на Суринам во главна улога. На средба на КОНКАКАФ лигата настапи Рони Брунсвијк, кој има 60 години.

Брунсвијк во седмата деценија од својот живот го запиша професионалното деби и тоа како капитен на екипата ИНтер Моенготапо против Олимпија од Хондурас.

Поранешниот лидер на бунтот од 80-те години на минатиот век е воедно и газда на тимот и сите ги изненади кога се појави на теренот со капитенска лента.

Роден е на 7 март 1961 година, а на теренот помина 53 минути заедно со својот син Дамиен, иако не беше баш од најголема корист на својот тим кој загуби со 0-6.