Има и такви кои го бранат Алегри: Човекот прави чуда, нема квалитетни фудбалери


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус синоќа беше декласиран на домашен терен од Виљареал со 0-3 со головите на Морено, Торес и Данџума во завршницата од мечот, па така италијанскиот тим се збогуваше од Лигата на шампиони (ЛШ).

Ова предизвика голем број критики на сметка на сите во Јувентус, а најмногу на тренерот Масимилијано Алегри.

Сепак, има и такви кои застанаа во негова одбрана, а еден од нив беше поранешниот фудбалер на Јувентус, Патрис Евра.

„Разочаран сум поради поразот на Јувентус. Сепак, морам да кажам дека Алегри прави чуда затоа што нема квалитети во оваа екипа, посебно во средниот ред. Ги имаа Маркизио, Видал, Пирло, но…“, вели Евра.