Има ли сила Македонија за нова сензација против Германија? 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ ќе ја пречека Германија во рамки на квалификациите за Светското првенство (СП) во 2022 година.

Германците ќе бидат внимателни во Скопје поради поразот во Дуизбург од 1-2, иако најавија дека сакаат со триумф во Скопје да го потврдат пласманот на Мундијалот.

Третиот пораз во историјата на Германија на домашен терен е токму од Македонија и затоа им е толку болен, а Серж Гнабри кажа дека уште го „пече“ неуспехот против македонските репрезентативци.

Составите на двете репрезентации се поразлични од првата средба, а промена има и на селекторската позиција. Кај Македонија на кормилото седна Благоја Милевски, додека Ханси Флик ја предводи Германија.

Во првиот натпревар на Германија и Македонија стрелци на погодоците за нас беа Горан Пандев и Елиф Елмас, а на вториот меѓусебен меч со „панцерите“ ќе го има само помладиот македонски репрезентативец, додека поискусниот замина во репрезентативна пензија.

Натпреварот се игра вечерва од 20.45 часот во Скопје.