Има пари да купи што сака, но тоа не го исполнува: Гладував, играв бос, не одев во училиште…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Успехот и славата вообичаено ги менуваат луѓето, меѓутоа за сите постои исклучок, па така и за напаѓачот на Ливерпул, Садио Мане.

Мане досега неколку пати раскажа детали од својот живот, кои ги расплакаа навивачите, а пред неколку дена ја отвори душата и за „Л’Екип“.

Во разговор за медиумите кажа зошто не би можел да живее во стилот на Кристијано Роналдо и Нејмар.

„Не сакам да оставам впечаток дека сум најпаметен, но ми пречат такви вредности кои се појавуваат во светот на фудбалот. Главната работа е тоа дека не треба да се менувате. За некој кој доаѓа од мало место сè тоа е голема победа“, вели Мане.

Од интервјуто за медиумот, најмногу внимание привлече тоа што Мане кажа дека минал низ пекол за да стигне до успехот.

„Гладував, играв бос и не одев во училиште. За некој како мене да се одолее на сите искушенија е како победа. Успехот не ме промени“, вели Мане.