Има само 40 години: Лука Модриќ ги руши сите рекорди


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Толку многу во суперлатив веќе е речено за неповторливиот Лука Модриќ, но тој секогаш наоѓа нов начин да ги изненади навивачите.

Зачудувачки изгледа податокот дека Лука, иако има 40 години, е играчот со најмногу време поминато на теренот во полусезоната од сите играчи на “росонерите”. Од почетокот на сезоната во Серија А на теренот поминал 1325 минути.

Само два натпревари не ги заврши, против Кремонезе кога беше заменет во 74. минута, и против Удинезе, кога излезе во 81. Сите останати натпревари ги играше од почеток до крај.

Вкупно, Модриќ одигра 15 натпревари за “росонерите” во “калчото” откако дојде во клубот ова лето, плус три во рамките на Купот и Суперкупот (на тие натпревари влегуваше од клупата).

Модриќ, оваа сезона исто така покажува дека е и понатаму синоним за професионализам и жртвување на тренинзите и натпреварите.

Оваа сезона постигна гол, одлучувачкиот против Болоња во третото коло, и две асистенции, една во второто коло против Лече и една за 2:2 против Пиза.

Откако најголемата фудбалска “онлајн” заедница и медиумски бренд “433” објави на Инстаграм податок за Модриќ како играч кој најмногу го користел тренерот на Милан во Серија А, се јавија и навивачите.