Имал договор со Барселона, но понудата од Реал Мадрид не можел да ја одбие!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шпанскиот и европски шампион Реал Мадрид наскоро ќе се раздели со Марко Асенсио, кој кажа дека сака да остане во главниот град на Шпанија, но не може никој да му гарантира минутажа.

Во моментов три екипи се заинтересирани за услугите на Асенсио, а во меѓувреме интервју за медиумите даде Хорацио.

„Марко е играч на Реал Мадрид, па ако му се даде шанса, сигурно може да го покаже својот квалитет во тимот. Имаше договор со Барселона, но проектот кој го претстави Реал беше невозможно да се одбие“, открива Хорацио.

„Кралевите“ во 2015 година го купија Асенсио од Мајорка за речиси четири милиони евра, а тој минатата сезона за Реал одигра 42 меча и постигна 12 голови, како и две асистенции.