Имаше сè, а страдаше во тишина: Поранешниот фудбалер на Челси откри мрачна тајна на фудбалот


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Гаел Какута одлучи да ја заврши професионалната кариера, а неговото збогување од фудбалот донесе и една многу емотивна исповед за проблемите кои често се кријат зад блесокот на најголемата спортска сцена.

Некогашен голем талент на Челси и играч кој важеше за еден од најперспективните млади фудбалери во светски рамки, денеска отворено зборува за притисокот, осаменоста и менталните проблеми низ кои минуваат многу професионалци.

Какута откри дека за време на кариерата поминал низ тежок период на депресија, особено по смртта на неговата мајка додека носеше дресот на Амиен. Тој период остави длабок траг врз него, а проблемите ги чувствуваше и подоцна за време на престојот во Иран.

„Го поминав тоа. Би рекол дека 90, па дури и 99,9 проценти од фудбалерите се тажни. Носат огромен товар на своите плеќи и имаат огромни одговорности”, порача Какута.