Имавме среќа: Ниту САД нема да игра на СП!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Чешка вчера се откажа од настапот на Светското првенство (СП) во Египет, по што македонската репрезентација го презема нивното место, а веднаш потоа се откажаа и Американците од настапот на Мундијалот.

САД имаа 18 заразени, нивниот селектор кој и самиот беше позитивен тврдеше дека репрезентацијата може да оди во Египет и со 12 играчи, сепак на крајот и тие го откажаа учеството.

Ние имавме среќа што Чешка прва се откажа затоа што влеговме во полесна група со Шведска, Египет и Чиле. Ако Американците се откажаа пред Чесите ние ќе отидевме во далеку потешка група со Австрија, Норвешка и Франција.

На местото на САД како втора репрезентација повик доби репрезентацијата на Швајцарија.