Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓
Прашањето за продолжување на тренерската кариера на Симоне Инѕаги е нешто што веќе лебди во воздухот пред саботното финале на Лигата на шампионите, каде миланскиот великан ќе игра против Пари Сен Жермен во Минхен. Иако изгледаше дека не постои пречка да ја продолжи соработката со Интер, трофејниот експерт станува се помек кога станува збор за профитабилната понуда од Ал Хилал.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, некогашниот голгетер и тренер на Лацио сѐ повеќе се двоуми околу понудата на вицешампионот на Саудиска Арабија, бидејќи на масата има двегодишен договор и дури 60 милиони евра.
Ако знаеме дека во Интер заработува „мизерни“ четири милиони евра годишно, тогаш е јасно дека една од темите со раководството на Интер ќе биде и зголемувањето на платата.
Како што пренесува „Република“, Инѕаги нема да се согласи на помалку од седум милиони евра по сезона, но тоа е само еден од условите што ќе ги постави пред раководството на вицешампионот на Италија по сабота.
Фoтo: Принтскрин
.