Инцидент на аеродром: Уапсен поранешен тренер на Црвена Звезда


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Поранешниот тренер на Црвена Звезда, Рикардо Са Пинто беше уапсен на југот на Португалија, откако се степал со друг патник во авион.

Поради инцидентот летот за Порто морал да биде одложен неколку часа, а полицијата го решила случајот така што го привела сегашниот предводник на Брага.

Са Пинто ја предводеше Звезда во 2013 година, а претходно кратко беше тренер на Спортинг Лисабон, а потоа ги тренираше и Атромитос, Белененсес, Стандард.