Инцидент пред дербито: Хулиган се обиде да му го изгори лицето на друг навивач!


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Навивачите на Црвена Звезда и Партизан се истепаа низ улиците на Белград пред големото дерби, а една снимка покажува што точно се случуваше за време на навивачкото лудило.

За тепачката, која се случи вчера на Јужниот Булевар каде што полицијата мораше да ги брка хулиганите од двете страни, пишуваа сите српски медиуми.

За време на инцидентот беше забележана и една грозна сцена, кога дел од хулиганите се обидоа со запален факел да му го изгорат лицето на противникот.