Инцидент пред мечот Раднички-Партизан, во Врање нападната делегацијата на „црно-белите“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пет момчиња вербално, а потоа и физички ги нападнале гостите од Белград, со кои бил и судијата на Основниот суд во Врање, по што се обиделе да избегаат во Ниш.

Гостувањето на Партизан минатата среда не било возбудливо само на теренот, туку и на трибините. Но, тоа имало грда увертира во градот.

Во Врање во еден ресторан, вербално и физички биле нападнати потпретседателот на клубот Владимир Вулетиќ, заменик генералниот директор Милорад Николиќ, судијата на Основниот суд во Врање, како и воено лице.

Пет момчиња, меѓу кои и синот на тренерот на Динамо од Врање се приближиле до масата, почнале да ги навредуваат гостите, а потоа тргнале физички да се пресметаат, по што инцидентот бил спречен откако била повикана полиција.