Инцидент во Белград: Се истепаа „Делии“ и „Гробари“ (Фото)


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Навивачите на Црвена Звезда и Партизан, „Делии“ и „Гробари“ имаа физичка пресметка во текот на денешниот ден, по што морала да интервенира полицијата и притоа уапси 23 учесници.

Бруталната тепачка се случила по крајот на мечот меѓу Партизан и Војводина, а притоа биле повредени неколку лица.

Неколку навивачи морале да бидат префрлени во болница, а еден од нив е тешко повреден, додека останатите беа уапсени од полицијата.