Инфантино: Мундијалот му помогна на Катар да направи промени!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино кажа дека Мундијалот во Доха помогнал да се направат промени и да се почитуваат човековите права и правата на работниците.

Една од главните теми пред почетокот на Мундијалот е непочитувањето на правата на луѓето и работниците во Катар.

Страшна е бројката на загинати работници на изградба на стадионите во Катар, а голем број земји бараат начин да го покажат револтот.

Инфантино, од друга страна, вели дека организацијата на Мундијалот помогнала во подобрување на односите.

„Организацијата на Мундијалот ѝ помогна на земјата за прашањата кои ги мачат мигрантите, но притоа ги подобри и правата на работниците“, вели Инфантино.