Инфантино останува на чело на ФИФА до 2023 година


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино е реизбран на таа позиција на неа ќе остане уште еден мандат, односно уште четири години.

Инфантино беше единствен кандидат, па така светската куќа на фудбалот ќе ја предводи до 2023 година, а таму пристигна во 2016 година.

„Оваа организација го исфрли криминалот, па почна да го развива фудбалот и да се грижи за него. Ја трансформиравме ФИФА, чии синоними сега се кредибилитет, доверба, интегритет, еднаквост, човекови права…“, вели Инфантино.

Да потсетиме, Инфантино беше поставен за претседател во 2016 година по еден од најголемите скандали во историјата на светскиот фудбал, кога го замени Сеп Блатер.