Инфантино за рекордот на Роналдо: Ова му е награда за феноменалната кариера!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со головите во 89. и 96. минута против Република Ирска, Кристијано Роналдо стигна до рекордниот број од 111 голови во репрезентативните натпревари, а претседателот Џани Инфантино кажа дека тоа му е награда за феноменалната кариера.

Роналдо вос редбата го урна рекордот на Али Даеи, кој својата репрезентативна кариера ја заврши со 109 голови.

Иако во 15. минута Роналдо промаши пенал, сепак Португалецот до крајот на мечот се поправи и со два гола ѝ донесе победа на својата селекција од 2-1, а така урна и рекорд кој беше стар 15 годиин.

„Тоа е награда за неговата феноменална кариера. Тоа сведочи за твојата уметност и твојата неверојатна страст кон фудбалот“, кажа Инфантино за рекордот на Роналдо.