Информацијата по која поранешниот затвореник ќе го прогонува Гвардиола во соништата!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пеп Гвардиола е тренер кој се стреми кон совршенство, тој беше таков во Барселона и Баерн, и ништо не е поразлично на клупата на Манчестер Сити.

Сепак, по вчерашното фијаско против Лестер Сити Гвардиола треба сериозно да размисли за промена на многу работи бидејќи примените пет гола на домашен терен е секако понижувачки.

Манчестер Сити загуби од Лестер Сити со 2:5 на Етихад, а херој на популарните Лисици беше поранешниот затвореник, Џејми Варди.

Човек кој беше во затвор пред 13 години за тепачка и одеше со електронска нараквица, успеа да постигне три гола против тимот на Гурадиола во три удари. Навистина неверојатен ефект.

Варди е така првиот фудбалер кој постигна два хет-трика против тимови предводени од Гвардиола, откако тоа го стори претходно во декември 2016 година кога „Лисиците“ славеа со 4-2.

Патем, единствениот кој погоди уште три пати против Гвардиола е играчот на кој овој тренер најмногу му се восхитува – Лионел Меси. Барселона го победи Сити со 4:0 во октомври 2016 година.