Иниеста ја советува Барселона, треба ли да ја послушаат легендата?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот капитен на Барселона моментално игра за јапонскиот Висел Кобе, а за Марка прозборе за многу работи, но исто така бара од Барселона да го задржи Иван Ракитиќ.

„Не би му дозволил да замине, тој одлично играше. Беше величествено она што го работеше сево ова време. Оваа година може не се истакна како порано, но тоа не значи дека не е играч со врвен квалитет“, рече Иниеста.

Адрес ги следи вестите за Барселона, а на прашањето како би сакал да заврши оваа фудбалска сезона, не остави никаков сомнеж:

„Би сакал Барса да ја освои тро-струката круна, но во сите натпреварувања постои голема конкуренција. Лани ја видовме доминацијата на Англичаните во Лигата на Шампионите, а тука се и Баерн, Јуве, ПСЖ… Многу кандидати во Лигата на Шампионите, но би сакал Барселона да ги освои сите трофеи од сите натпреварувања за оваа година“.

Призна дека исто така во текот на својата играчка кариера добивал повици од Мадрид и дека не е ништо ново за тоа дека Реал ги контактира најдобрите играчи на Барселона.

Кратко ја искоментира и ситуацијата за Нејмар истакнувајќи дека би било многу добро доколку се врати на Камп Ноу, но и дека не е сигурен како би се вклопил со моменталната напаѓачка линија на Барселона.