Иниеста повторно ќе го облече дресот на Барселона


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Андрес Иниеста пред неколку дена се збогуваше со навивачите на Висел Кобе, но засега не планира да ја заврши кариерата.

Легендарниот шпански фудбалер играше неколку години во Јапонија, откако замина од Барселона, а сега најави дека повторно ќе го облече дресот на каталонскиот гигант.

Иниеста ќе заигра за Барселона во пријателски меч против Висел Кобе, кој е закажан за 6 јуни.

„Планирав да одиграм едно полувреме за Висел Кобе и едно за Барселона“, кажа Иниеста.