Интер ангажира уште едно засилување од Премиер лигата: Конте носи искусен дефанзивец


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Антонио Конте планира да ја продолжи соработката со клубовите од Премиер лигата кога во прашање е ангажманот на нови засилувања.

Наводно,Интер е пред договор со фудбалерот на Тотенхем, Јан Вертонген кој по крајот на оваа сезона ќе биде слободен агент.

Доколу се согласи да потпише за Интер, Вертонген ќе биде вториот играч по Кристијан Ериксен кој се согласил дресот на Тотенхем да го замени со оној на Интер.

Инаку, Конте од Премиер лигата ги донесе, Алексис Санчез, Ромелу Лукаку, Ешли Јанг, Кристијан Ериксен и Виктор Мозес.