Интер бара купувaчи: Конте ги „исфрли“ Наинголан и Икарди


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Управата на Интер неодамна потврди дека Раџа Наинголан и Мауро Икарди можат да го напуштат клубот, зашто Антонио Конте нема да смета на нив.

Навивачите на Интер јасно порачаа дека не го сакаат Икарди, зашто Аргентинецот направи скандал откако одби да заигра за тимот, зашто наводно бил повреден.

Конте не ги сака двајцата фудбалери, па ангажирал еден тренер, кој ќе работи само со Икарди и Наинголан подалеку од другиот тим.

Италијанецот на тој начин сака во целост да ги одвои од екипата, но не може да им забрани да тренираат, зашто тоа е против правилата.

Наинголан и Икарди имаат договор со Интер и мораат да тренираат, но очигледно Конте најде начин да ги отстрани од екипата.