Интер без големи проблеми славеше против Милан (Видео)


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Екипата на Интер по четири кола остана единствената екипа која ги има сите победи во Серија А.

Избраниците на Антонио Конте без поголеми проблеми славеа на дерби пресметката против Милан со 2:0.

„Нероазурите“ доминираа во текот на целиот натпревар, а до победата стигнаа со погодоците на Марсело Брозовиќ во 49. минута и Ромелу Лукаку кој одлично се снајде во шеснаесетникот на Милан по центаршутот на Николо Барела во 78. минута.